Тројца ученици денеска загинаа во пукање во училиште во местото Банга, на југот на Филипините, вклучувајќи го и 16-годишникот осомничен за нападот, додека осум лица се повредени, соопшти градоначалникот на тоа место.
– Сите жртви се ученици на возраст од 14 до 17 години. Четири од повредените лица се во критична состојба – изјави за Ројтерс Алберт Паленсија, градоначалник на Банга, пренесува Ројтерс.
Инцидентот се случи во Националното средно училиште Банга во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините, наведе Тамајо, пренесува Ројтерс.
Главниот полициски наредник Реџи Фадерон претходно изјави дека има повредени, повеќе од едно лице, и дека полицијата ги проверува деталите.
Пред еден месец уште едно пукање во училиште
Пред точно еден месец, најмалку две лица загинаа, а девет беа повредени во пукање во училиштен кампус во градот Замбоанга на југот на Филипините, во кампусот на средното училиште при Универзитетот Атенeo де Замбоанга.
Според наводите на градоначалникот, осомничениот, ученик во седмо одделение, на 18 август влегол во училиштето со пушка и пиштол и отворил оган врз учениците и наставниците, а потоа извршил самоубиство.







