ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВА ПРИЈАВА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме претепа!“

НОВА ПРИЈАВА ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Подолго време ме навредува, вознемирува, а денес ме претепа!“

Триесет и тригодишен маж од Тетово бил приведен откако неговата 34-годишна сопруга го пријавила во полиција, тврдејќи дека подолг период ја навредувал и вознемирувал, а потоа и физички ја нападнал.

Според информациите од полицијата, Ф.А. бил лишен од слобода вчера во 19:20 часот во Тетово, по претходната пријава поднесена од неговата сопруга.

Жената пријавила дека несоодветното однесување и вознемирувањето траеле подолго време, а дека во текот на вчерашниот ден сопругот физички ја нападнал.

Мажот бил задржан во полициска станица. Од полицијата информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.