ПРВ.мк
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Приведни 11 лица!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Приведни 11 лица!

Полициските службеници во Скопје, Велес и Кавадарци привеле вкупно 11 лица во текот на вчерашниот и денешниот ден, откако при контролите и претресите кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и други материи, информира Министерството за внатрешни работи.

Во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Н. (45), Д.Б. (44), А.З. (30), М.И. (20) и Т.С. (24), сите од Скопје, како и Б.Б. (24) од Велес, Д.Г. (18) од Злетово и К.А. (22), кој престојувал во Скопје. Според МВР, кај овие лица била пронајдена и одземена марихуана.

Дополнително, на 14 октомври 2026 година, во 11:45 часот, во Велес бил приведен Б.А. (45) од Велес. Полициските службеници од СВР Велес го лишиле од слобода откако при извршен преглед кај него пронашле и одзеле кафеава прашкаста материја.

Истата вечер, во 23:50 часот, на улицата „Цветан Димов“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги привеле М.Д. (21) од Кавадарци и Љ.С. (23) од Росоман.

При контролата на патничко возило „Фолксваген Поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал М.Д., а во кое како сопатник се наоѓал Љ.С., била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.