Полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи Запад – Охрид вчера вечерта привеле 43-годишен прилепчанец, откако при полициски преглед кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и една сина таблета.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата се одвивала на 12 септември во 22:20 часот, во близина на автокампот „Љубаништа“, како дел од мерките за спречување на недозволена трговија со дрога.
Полициските службеници извршиле контрола и преглед на А. Ш. (43) од Прилеп, при што кај него биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, како и една сина таблета.
Лицето било лишено од слобода, а за случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Охрид.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 43-годишниот прилепчанец ќе биде поднесена соодветна пријава.






