ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВ СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Малолетник преживеал хорор!

НОВ СКАНДАЛ ВО МАКЕДОНИЈА: Малолетник преживеал хорор!

На 5 октомври 2026 година, во 13:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека малолетник бил физички нападнат од тројца други малолетници на подрачјето на Бит Пазар.

Случајот во полиција го пријавил 51-годишен скопјанец, кој навел дека нападот врз неговиот малолетен син се случил еден ден претходно, на 4 октомври, околу 15 часот.

Според пријавеното, физичкиот напад следел по претходно недоразбирање меѓу малолетниците. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за причините за конфликтот, ниту за околностите под кои дошло до физичкиот напад.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот.