ПРВ.мк
Црна Хроника

Доцна синоќа запалено возило на висок функционер

Доцна синоќа запалено возило на висок функционер

Службено возило на Државна лотарија на Македонија, кое го користел заменик-генералниот директор Ахмет Мифтари, било зафатено од пожар во текот на ноќта во Скопје.

Според информациите што ги објави „Фокус“, инцидентот се случил по полноќ, а Министерството за внатрешни работи потврдило дека пожарот бил пријавен во 2:12 часот.

Возилото било паркирано на улицата „Крсте Асенов“ во Скопје, каде што по пријавата интервенирале надлежните служби.

Од МВР појасниле дека станува збор за патничко возило од марката „бејџинг бејч“, кое е во сопственост на Државна лотарија на Македонија.

Иако првичните медиумски информации го опишуваат како „мерцедес“, во полициската потврда е наведена друга марка на возилото.

Пожарот бил изгаснат од припадниците на Бригадата за противпожарна заштита, по што полицијата започнала со преземање мерки за расчистување на случајот.

Засега нема официјални информации за причините поради кои избувнал пожарот, ниту дали станува збор за намерно предизвикан инцидент.

Не се соопштени ниту дополнителни детали за евентуалната материјална штета.

Полицијата продолжува со проверките за утврдување на сите околности под кои било опожарено службеното возило.