ПРВ.мк
Македонија

Подгответе ги јакните: Големо заладување во Македонија, температурите значително се намалуваат

Подгответе ги јакните: Големо заладување во Македонија, температурите значително се намалуваат

Македонија денеска, 13 октомври, е под влијание на постудена воздушна маса од север, која носи значително намалување на температурите, облачно време и врнежи од дожд во повеќе делови од земјата.

Според временската прогноза, во текот на денот ќе преовладува претежно облачно и студено време, со повремени локални врнежи од дожд.

Пообилни врнежи се очекуваат во југоисточните делови на Македонија, додека на некои од повисоките планини дождот повремено ќе преминува во снег.

Дополнително заладување ќе предизвика умерениот до засилен северен ветер, кој ќе биде особено изразен долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, при што најстудено ќе биде во западните и повисоките подрачја.

Дневните температури ќе достигнат максимални вредности од само 7 до 16 степени.

Во западните делови на земјата на одредени места се очекуваат најмногу 7 степени, додека во североисточните региони температурата ќе се движи околу 11 степени.

Во централниот дел на Македонија максималните температури ќе достигнат од 12 до 14 степени, а најтопло ќе биде на крајниот југоисток, каде што се очекуваат околу 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно и постудено, со повремени врнежи од дожд.

Во главниот град ќе дува умерен северен ветер, кој во одредени делови од котлината повремено ќе се засилува.

Граѓаните треба да бидат подготвени за значително постудено време, о