ПРВ.мк
Црна Хроника

Несреќа на плажа во Грција: Момче итно пренесено во болница во Солун

Несреќа на плажа во Грција: Момче итно пренесено во болница во Солун

Дванаесетгодишно момче од Србија денеска било извлечено во бессознание од морето на плажа во близина на Ханиоти, на грчкиот полуостров Халкидики, по што благодарение на брзата реакција на спасувачите било успешно реанимирано.

Според грчките медиуми, спасувачите веднаш започнале со реанимација откако детето било извлечено од водата и успеале да го вратат во живот.

По укажаната прва помош, момчето со возило на Брзата помош било пренесено во Здравствениот центар во Касандра, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба. Поради потребата од понатамошно лекување, подоцна било транспортирано во болница во Солун.

Според информациите од болницата, здравствената состојба на момчето во моментов е добра, а лекувањето продолжува во детска болница во Солун.