ПРВ.мк
Црна Хроника

НАСИЛСТВОТО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 21-годишник ја нападнал својата 17-годишна девојка!

НАСИЛСТВОТО НЕМА КРАЈ ВО МАКЕДОНИЈА: 21-годишник ја нападнал својата 17-годишна девојка!

Полицијата во Богданци лишила од слобода 21-годишен жител на градот, откако било пријавено дека физички ја нападнал својата 17-годишна девојка.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 октомври во 1:10 часот полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија го привеле 21-годишникот.

Во пријавата се наведува дека инцидентот се случил на 30 септември околу 21 часот, кога 21-годишникот, според пријавеното, во својот дом физички ја нападнал 17-годишната девојка.

За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот, против 21-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.