ПРВ.мк
Црна Хроника

НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Три девојчиња избодени со нож!

НАПАД ВО УЧИЛИШТЕ: Три девојчиња избодени со нож!

Осум ученички од основно училиште во истанбулскиот округ Башакшехир биле повредени и пренесени во болница откако утрово биле нападнати со нож од ученичка од друго училиште, објави турскиот весник „Биргүн“.

Турскиот министер за здравство, Кемал Мемишоглу, соопшти дека по инцидентот три од повредените ученички се наоѓаат во тешка состојба.

Според информациите од Гувернерството на Истанбул, нападот се случил нешто пред 09:00 часот по локално време во основно училиште од типот „Имам хатип“. Станува збор за образовни установи во кои, покрај редовната настава, се изучуваат и сунитски ислам, арапски јазик и Куранот.

По нападот, повредените ученички биле итно пренесени во болница за да им биде укажана медицинска помош. Останатите ученици го напуштиле училиштето, а наставата била прекината.

Засега не е утврден точниот мотив за нападот. Според првичните претпоставки што ги пренесуваат турските медиуми, можно е инцидентот да бил поврзан со расправија меѓу млади лица.

За случајот е отворена официјална истрага. Турскиот медиумски регулатор, Високиот совет за радио и телевизија (РТУК), во меѓувреме соопшти дека е воведена забрана за објавување новинарски материјали поврзани со случајот сè до завршувањето на истрагата.

Инцидентот се случува во период на засилени безбедносни мерки во турските училишта, по серијата случаи на насилство и пукање во и околу образовни институции.

Кон крајот на септември, наставник беше убиен во дворот на средно училиште во округот Османије, во јужниот дел на Турција. Според тогашните информации, во него пукал неговиот внук.

Само неколку дена претходно, 15-годишен ученик отворил оган пред Стручно-техничката гимназија „Инџи Јузмез“ во општина Тургутлу, во округот Маниса. Во тој инцидент биле повредени 11 лица.

Најновиот напад во Башакшехир повторно го отвори прашањето за безбедноста во турските училишта, додека надлежните продолжуваат со истрагата за причините и околностите под кои дошло до нападот.