ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕВЕРОЈАТНА МИСИЈА: Исчезна богатство вредно милиони – институциите молчат!

НЕВЕРОЈАТНА МИСИЈА: Исчезна богатство вредно милиони – институциите молчат!
Kristal

Од магацин на судот во истанбулската општина Бујукчекмеџе исчезнале поголеми количини благородни метали – околу 25 килограми злато и 55 килограми сребро. Според проценките, вредноста на исчезнатото надминува 147 милиони турски лири, односно приближно три милиони евра.

Недостигот бил откриен откако вработените во судот забележале дека еден од нивните колеги подолг период не се појавува на работа. По извршената проверка било утврдено дека токму од депото недостасува вредниот материјал.

Турското обвинителство веднаш покренало истрага, а досегашните сознанија укажуваат дека главниот осомничен ја напуштил земјата и заминал во Лондон заедно со сопругата, која исто така е опфатена со потерница.

Скандалот предизвика силни реакции во турската јавност, додека надлежните институции интензивно работат на лоцирање на осомничените и враќање на исчезнатото злато и сребро.

FixCredit
Escape