ПРВ.мк
Свет

Орбан го критикува ЕУ: „Срамно е како се однесуваат кон Србија“

Орбан го критикува ЕУ: „Срамно е како се однесуваат кон Србија“
Kristal

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го критикуваше односот на Европската унија кон Србија, истакнувајќи дека Белград е клучна земја за Западен Балкан и дека третманот кон неа е неправеден и неприфатлив.

Орбан ја даде изјавата пред самитот на ЕУ и Западен Балкан во Брисел, одговарајќи на прашање за отсуството на Србија од состанокот. Тој оцени дека Србија игра централна улога во регионалната стабилност и заштитата на Европа од мигрантските текови, додавајќи дека економската улога на земјата е значајна за целиот регион.

„Не можеме ништо да направиме без Србија. Начинот на кој се однесува ЕУ кон Србија е срамно и неправедно“, рече Орбан, нагласувајќи дека Србија сочинува повеќе од една третина од населението и дека околу две третини од извозот на Западен Балкан е поврзан со неа.

Орбан повика ЕУ прво да ја прифати Србија како членка за да се најдат решенија за регионалните предизвици, додавајќи дека Унгарија ќе продолжи да ја поддржува Србија.

Српскиот претседател Александар Вучиќ претходно соопшти дека Србија нема да присуствува на самитот, но повтори дека земјата останува посветена на процесот на приклучување кон ЕУ.

FixCredit
Escape