ПРВ.мк
Балкан

Сексуалните работнички бараат промена – еве што порачаа!

Сексуалните работнички бараат промена – еве што порачаа!
Kristal

Сексуалните работници на Балканот, организирани во СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, денес го одбележуваат 17 декември, Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници.

Овогодинешната кампања, насловена „Под црвениот чадор се бориме за еднаквост, достоинство и заштита“, е посветена на црвениот чадор – симбол кој веќе 18 години ги обединува членовите на заедницата и го носи нивниот глас. Во центарот на кампањата е видео во кое три сексуални работнички ја споделуваат својата лична борба против насилството и дискриминацијата, истакнувајќи ја потребата од видливост и заштита.

Од СТАР потенцираат дека сексуалните работници, особено жените и трансродовите лица, се честа цел на родово базирано насилство – во јавниот и приватниот простор, како и онлајн. Насилството често останува неказнето и е институционално игнорирано, од страна на клиенти, партнери, полицијата, па дури и од здравствените и социјалните служби.

Колективот посочува дека членовите на заедницата се соочуваат со повеќекратни форми на маргинализација, вклучувајќи сиромаштија, ниско ниво на образование, етничка и родова дискриминација, како и дигитално родово базирано насилство кое станува сè почеста реалност.

Црвениот чадор ја симболизира заштитата, достоинството и колективниот повик за видливост и еднаквост.

СТАР повикува на хуман и еднаков третман од државата, почитување на човековите права и слободи, право на приватност и декриминализација на сексуалната работа како единствен модел за достоинствено почитување на правата на сексуалните работници.

FixCredit
Escape