ПРВ.мк
Македонија

ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ: Средното полициско образование повторно се враќа - еве од кога!

ИСТОРИСКИ ПРЕСВРТ: Средното полициско образование повторно се враќа - еве од кога!
Kristal

Собранието на Република Македонија вечерва, на продолжението на 67. седница, го усвои Законот за средно полициско училиште со Бадентерово мнозинство, откако претходно заврши расправата по него.

Со законот се воспоставува правна рамка за основање и работа на средно полициско училиште за образование на идните полициски службеници. Образованието ќе се реализира во рамки на постојниот Центар за обука во Идризово, односно преку Полициската академија, согласно новиот Закон за внатрешни работи.

Средното полициско образование ќе трае две учебни години, опфаќајќи ја третата и четвртата година од средното образование. Кандидатите кои ја завршиле првата и втората година средно училиште ќе можат да се пријават на јавен конкурс и, ако ги исполнуваат условите, да го продолжат своето школување во новото училиште.

Во зависност од потребите на Министерството за внатрешни работи, ќе продолжи и досегашната основна обука за полицаец, која трае една година.

Во образложението на законот се истакнува дека анализите од досегашната пракса и искуствата од земји како Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Чешка покажуваат дека, иако се создава помал број кадар, квалитетот на подготовката е повисок. Подолгото траење на образованието овозможува подобра подготвеност на учениците, а дополнителна предност е тоа што новите ученици се запишуваат на возраст од 15-16 години, за разлика од досегашниот модел каде што основната обука ја посетуваат кандидати од 18 до 25 години.

Последната генерација во средното полициско училиште завршила во 2000 година, а со примената на новиот закон ќе се продолжи со 25-та генерација ученици.

FixCredit
Escape