ПРВ.мк
Македонија

Борбата со корупцијата никогаш не била поблиску до успехот - Петрушевска ги открива резултатите!

Борбата со корупцијата никогаш не била поблиску до успехот - Петрушевска ги открива резултатите!
Kristal

Марија Петрушевска, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, во денешното гостување на регионалната телевизија Њусмакс се осврна на Самитот на Европската унија и земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека Македонија останува цврсто посветена на реформите, регионалната соработка и усогласеноста со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Овој Самит е важна можност за челниците на ЕУ да ја потенцираат политиката на проширување како дел од својата геостратешка визија за силна и обединета Европа. Земјите од Западен Балкан, вклучително и Македонија, се неразделен дел од европското семејство“, рече Петрушевска.

Таа додаде дека на Самитот ќе се разгледуваат и прашањата што го засегаат целиот регион, вклучително и надворешната и безбедносната политика, при што Македонија се наоѓа „во еден чекор понапред“ во споредба со соседите.

Петрушевска истакна дека во последниот Извештај на Европската комисија се нагласува дека земјата останува целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, а за првпат се поздравува и пристапувањето на СЕПА и партнерството што Министерството за одбрана го потпиша со ЕУ, во контекст на безбедност и стабилност.

Таа подвлече дека борбата со корупцијата и владеењето на правото остануваат темел на процесот на проширување. „Во последните 16 месеци се постигна значителен напредок. Според Извештајот на Европската комисија, по два последователни негативни извештаи во 2023 и 2024 година, 2025 година носи охрабрувачки раст и подобрување на усогласеноста со европското законодавство“, заклучи Петрушевска.

FixCredit
Escape