СВР Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка против 48-годишен скопјанец, осомничен дека физички ја нападнал својата поранешна партнерка.
Според информациите од МВР, на 9 септември 2026 година, во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода, В.С. физички ја нападнал 46-годишната жена со која претходно бил во партнерска врска.
Единицата за насилен криминал – Одделението за семејно насилство при СВР Скопје го сомничи за кривично дело „телесна повреда“ по член 130 став 2 од Кривичниот законик.
По преземените мерки, судија на претходна постапка на осомничениот му определил притвор во траење од осум дена.







