ПРВ.мк
Црна Хроника

Што му претходело на нападот во Загреб? Откриена поврзаност меѓу двајцата ученици

Што му претходело на нападот во Загреб? Откриена поврзаност меѓу двајцата ученици

Истрагата за нападот во Електротехничкото училиште во Загреб, во кој еден ученик со нож повреди друг ученик и вработена во училиштето, продолжува, а во јавноста излегоа нови детали за односот меѓу напаѓачот и повредениот ученик.

По инцидентот, во училиштето се присутни полицијата и кризен тим, кои разговараат со учениците, професорите и другите вработени со цел да ги утврдат сите околности што довеле до нападот.

Директорот на Управата за поддршка и унапредување на системот за воспитание и образование, Момир Карин, открил дека и напаѓачот и повредениот ученик се ученици во прва година.

Според информациите објавени во хрватските медиуми, двајцата не се запознале дури во средното училиште, туку претходно посетувале и исто основно училиште. Овој податок сега е дел од информациите што би можеле да помогнат во утврдувањето на позадината на инцидентот.

Засега официјално не е утврден мотивот за нападот, а истрагата продолжува. Надлежните разговараат со учениците и професорите, додека кризниот тим ќе остане на располагање и во следните два дена.