ПРВ.мк
Црна Хроника

Монструозно убиство на 21-годишна трудница: Ја застрелал, го сокрил телото и побегнал

Монструозно убиство на 21-годишна трудница: Ја застрелал, го сокрил телото и побегнал

Дваесет и осумгодишниот Џастин Смит е осуден на доживотен затвор откако поротата го прогласи за виновен за убиство од прв степен на неговата 21-годишна девојка Дајана Брајс, која во моментот на смртта била во 14. недела од бременоста.

Брајс била пријавена за исчезната на 2 април 2021 година од својот дом во Апер Дарби, во близина на Филаделфија. Последен пат била видена заедно со Смит пред пералница во Једон.

Само неколку часа подоцна, пожарникарите го пронашле нејзиниот автомобил во пламен. Една недела по исчезнувањето, нејзиното тело било откриено во пошумена област во југозападниот дел на Филаделфија.

Смит во меѓувреме исчезнал, а бил уапсен дури минатата година при сообраќајна контрола во Атланта, Џорџија.

На судењето било наведено дека меѓу двајцата претходно избувнала расправија, откако Брајс го обвинила Смит дека ѝ пренел херпес. Според наодите презентирани пред судот, младата жена била погодена со вкупно 12 куршуми – 11 во пределот на десната слепоочница и еден во рамото.

Смит сведочел во своја одбрана и тврдел дека немал намера да ја убие. Според неговата верзија, пиштолот имал модифицирано чкрапало и пукањето било несреќен случај.

„Пиштолот испука и таа почина“, рекол тој пред судот.

Обвинителството го прашало зошто, доколку станувало збор за несреќа, веднаш не повикал полиција или брза помош. Смит признал дека потоа, заедно со друго лице, го отстранил телото и го запалил автомобилот.

Обвинителката Лорен Крамп во завршните зборови посочила и на неговото однесување по убиството. Според обвинителството, Смит побегнал во Флорида со намера да стигне до Куба, а подоцна завршил во Атланта.

„Тоа не е паника. Тоа е однапред смислена намера“, порача Крамп пред судот.

Поротата на крајот не ја прифатила верзијата на Смит за несреќен случај и го прогласила за виновен за убиство од прв степен, како и за други дела поврзани со прикривањето на злосторството.

Дајана Брајс зад себе оставила едно дете, а во периодот пред смртта се подготвувала за доаѓањето на своето второ дете. Работела како негувателка и планирала во иднина да стане техничар за дијализа.