Полицијата во Скопје отвори случај против 18-годишно момче од главниот град, обвинето за обљуба врз малолетна девојка. Пријавата ја поднел нејзиниот татко, 46-годишен маж од скопско, кој случајот го пријавил дури во октомври 2025 година, иако настанот се случил во мај истата година.
„По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата, која презема мерки за целосно расчистување на настанот. Истражителите нагласуваат дека кривичната постапка против осомничениот ќе продолжи откако ќе бидат собрани сите докази.