Голем број албански навивачи се собраа во Тетово по победата на нивната репрезентација, но веселбата брзо прерасна во скандал и провокации. На снимките споделени на социјалните мрежи се гледа како толпата скандира „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт за Србија“. Се претпоставува дека во инцидентот учествувале навивачки групи на клубови од Првата лига на Македонија.
Полициските службеници беа на лице место, а МВР информира дека ќе бидат преземени соодветни мерки против навредливите скандирања. И покрај провокациите, движењето на граѓаните и возилата во Тетово и Гостивар се одвивало без проблеми, и во полицијата не се пријавени инциденти или поплаки.