ПРВ.мк
Македонија

Серискиот убиец од Македонија за кој зборува цел свет – убивал, па барал прошка во црква

Серискиот убиец од Македонија за кој зборува цел свет – убивал, па барал прошка во црква

Виктор Карамарков, роден во 1981 година и познат како „Македонскиот Расколников“, е сериски убиец од Скопје кој од март до октомври 2009 година уби четири постари жени. Покрај убиствата, тој е поврзан и со бројни кражби и три обиди за убиства. Судот го осуди на доживотен затвор, а казната ја издржува во затворот Идризово.

Карамарков потекнува од скопската населба Ѓорче Петров и пораснал без татко, само со психички нестабилна мајка. Во детството бил интелигентен, но повлечен ученик со одлични оценки, со голем интерес за руската литература, особено за Достоевски. Најмногу се идентификувал со ликот на Родион Расколников од романот „Злосторство и казна“. Со текот на времето, паднал под влијание на дрога и се вклучил во ситен криминал.

Инспириран од својата омилена книга, Карамарков напаѓал стари жени, претставувајќи се како човек кој собира пари за болната мајка. Откако ќе влегувал во домот, ја вадел својата мала секира, внимателно завиткана во весник, и ги убивал жртвите, а потоа ги ограбувал за да набави дрога. По секое убиство, посетувал црква и барал прошка.

Жртви:

  • Љубица Христовска (83) – пронајдена мртва во својот дом во Бутел.
  • Босилка Красојевиќ (71) и Вера Богоевска (76) – убиени на 15 октомври 2009 година.
  • Елена Милева (69) – убиена на 26 октомври во станот на улицата „Хо Ши Мин“.

Обиди за убиства:

  • Марија Атанасовска (79) – нападната во лифт, преживеала благодарение на брзата интервенција на зетот.
  • Смиља Петровска (73) и Сание Сулејмани (42) – нападнати на 21 октомври, но успеале да се спасат.

Истражување и апсење: Во почетокот, полицијата не претпоставувала дека станува збор за сериски убиец, но по неколкуте слични убиства се појавиле јасни поврзаности: сите жртви биле стари жени убиени со тап предмет, а секогаш исчезнувал златен накит. Сведоштвата на преживеаните помогнале во создавање опис – млад човек со книга кој бара пари за мајка му.

На 27 октомври 2009 година, Карамарков бил уапсен за кражба, а полицијата го препознала од роднини на нападнатите жени. При претрес во неговиот дом, била пронајдена секирата користена во убиствата. Иако не ги признал директно убиствата, споменал детали што само сторителот можел да ги знае. Пред апсењето се обидел на самоубиство со таблети.

Судот го прогласи за виновен и му изрече доживотна казна затвор за четири убиства, повеќе кражби и обиди за убиства.

Escape