ПРВ.мк
Свет

Зеленски и Трамп повторно во телефонски разговор – еве ги деталите

Зеленски и Трамп повторно во телефонски разговор – еве ги деталите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вторпат за само два дена разговараше телефонски со поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп. Претходно, Зеленски оствари разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, а вчера и денеска повторно контактираше со Трамп.

Според соопштението од Киев, во фокусот на разговорите биле зајакнување на противвоздушната одбрана на Украина и зголемување на капацитетите за голем дострел. Дополнително, лидерите дискутирале и за енергетскиот сектор, при што Зеленски истакна дека Трамп е добро информиран за сите тековни настани. „Се договоривме да го продолжиме нашиот дијалог, а нашите тимови веќе ја прават потребната подготовка“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Вчера украинскиот претседател го повика Трамп да посредува за постигнување мир во Украина, повикувајќи се на примерот на спогодбата за прекин на огнот во Газа. „Ако една војна може да запре во еден регион, тогаш и другите војни може сигурно да бидат запрени, вклучително и оваа што ја води Русија“, му рекол Зеленски на Трамп.

Escape