ПРВ.мк
Црна Хроника

Кола на плин се запали- еве ги деталите

Кола на плин се запали- еве ги деталите

Во битолската населба Горно Оризари попладнево избувна пожар во автомобил кој работел на плин, но благодарение на брзата и храбра интервенција на битолските пожарникари, спречена е вистинска катастрофа.

Дојава за запалено возило пристигнала во 15:30 часот, по што екипа на Територијалната противпожарна единица Битола веднаш излегла на терен со едно возило и пет пожарникари.

При пристигнувањето, пожарникарите забележале дека од возилото истекува плин и дека постои сериозна опасност од експлозија. Со голема претпазливост и професионализам, тие успеале да ја извадат и безбедно да ја дислоцираат плинската боца која била под притисок, со што ја спречиле потенцијалната трагедија.

– Со храброста, посветеноста и дисциплината, пожарникарите од ТППЕ Битола повторно докажаа високо ниво на професионалност и посветеност во заштита на граѓаните – соопштија од службата.

Благодарение на нивната навремена реакција, пожарот бил локализиран без повредени лица и без сериозни материјални последици за околните објекти.

Escape