ПРВ.мк
Црна Хроника

Жена се појави по повеќе од два месеца: „Не сум исчезната, се премажив“

Жена се  појави по повеќе од два месеца: „Не сум исчезната, се премажив“

Жена која тврди дека е В.А. (56) од селото Војшанци, по која се трага од 28 јули, се јави до редакцијата на Вики Медиа со појаснување дека не била исчезната, туку дека се премажила. Таа истакна дека пред да замине од домот, му оставила писмо на сопругот во кое објаснува каде оди, и не разбирала зошто тој ја пријавил во полиција за исчезната.

„Никој од убаво не бега. Трпев семејно насилство, слушав навреди и не можев повеќе да издржам, затоа заминав. Сега нема зошто повеќе да се кријам. Се преселив во Неготино и сакам медиумите и институциите да знаат дека сум добро“, вели В.А.

Таа додаде дека ќе се јави и во ОВР Неготино за да ги информира надлежните лица дека заминала по своја волја, бидејќи се уште се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Според информациите од СВР Велес, на 28 јули околу 03:00 часот, сопругот на В.А. пријавил дека таа се оддалечила од домот, по што полицијата започнала активности за нејзино пронаоѓање. Дури и по десетина дена, од СВР Велес соопштиле дека се уште се превземаат мерки и дека јавноста ќе биде известена кога ќе има нови детали.

Escape