ПРВ.мк
Црна Хроника

МЕДИЦИНСКА МАФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Познати имињата на докторите кои се приведени во акцијата!

МЕДИЦИНСКА МАФИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Познати имињата на докторите кои се приведени во акцијата!

Скандал од невидени размери го потресе македонското здравство! Додека граѓаните веруваат во белите мантили, полицијата разоткри морничава мрежа на врвни доктори кои, според неофицијални информации, со години вбризгувале „отров“ наместо естетски препарати.

Специјалните единици на Одделот за организиран криминал упаднаа на повеќе локации низ државата. Истрагата открива дека во земјава, преку диви канали од Кина, Турција и Србија, се шверцувале фалсификувани ботокси и филери. Овие препарати, без никаква контрола и регистрација, биле пласирани како врвни естетски производи. Наместо убавина, на пациентите им се заканувале:

  • Тешки инфекции и деформитети;
  • Трајни оштетувања на ткивото;
  • Директен ризик по животот!

Иако МВР сè уште не соопштува официјални идентитети, медиумите веќе брујат за инволвираните. Меѓу имињата кои се споменуваат како опфатени во оваа огромна акција се познати доктори од државните клиники:

  • Наташа К. и Арбен К. – дерматолози од „8-ми Септември“;
  • Дејан Ф. – од Клиниката за дерматологија;
  • Магдалена И.В. – доктор од „8-ми Септември“;
  • Андреа Т.

Ова е директен удар врз довербата на пациентите. Како е можно елитни доктори да бидат дел од мрежа за дистрибуција на опасни фалсификати? Истрагата е во полн ек, а надлежните најавуваат дека ова е само почеток на чистката во медицинското подземје. Внимавајте каде одите на третман – вашето лице може да биде следната жртва на овој медицински криминал!

Најнови вести