ПРВ.мк
Црна Хроника

ДЕНЕСКА ПОСЛЕДНО ЗБОГУВАЊЕ СО МАЛИОТ ПЕТАР: Маријан Стојаноски со потресна порака по загубата на синчето

ДЕНЕСКА ПОСЛЕДНО ЗБОГУВАЊЕ СО МАЛИОТ ПЕТАР: Маријан Стојаноски со потресна порака по загубата на синчето

Македонскиот пејач Маријан Стојаноски минува низ неизмерно тешки моменти по ненадејната смрт на неговиот петгодишен син Петар.

Денеска на гробиштата Гумење во Крушево ќе се одржи погребот на момчето, каде семејството, роднините и пријателите ќе се простат од него.

Во моментите на огромна болка, Стојаноски сподели видео на социјалните мрежи со изведба на „Реквием“ од Моцарт, придружено со кратка и потресна порака:

„Ме печи душава од силен оган“.

Во коментарите пејачот дополнително ја искажа својата болка:

„Многу ме печи. Луѓе помагајте, ми изгоре душата силно. Каков е овој оган? Што ме гори“.

Само два дена пред трагичната вест, неговата сопруга Наташа споделила фотографии со нивните три деца. Маријан и Наташа имаат и две ќерки.

Семејството денеска се соочува со една од најтешките загуби – последното испраќање на малиот Петар.