ПРВ.мк
Црна Хроника

MAЈКА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: 21-годишна жена си го убила новороденчто во болнички тоалет!

MAЈКА КАКО ОД ХОРОР ФИЛМ: 21-годишна жена си го убила новороденчто во болнички тоалет!

Јавноста во Феризај е во шок по трагичен и тежок случај што се случил на 5 мај во локалниот оддел за итни случаи, каде 21-годишна девојка е осомничена дека го убила своето новороденче веднаш по породувањето.

Според првичните информации, младата жена прво побарала лекарска помош поради болки во стомакот, при што пред медицинскиот персонал негирала дека е бремена и тврдела дека има менструални проблеми. Сепак, кратко потоа се случил трагичниот настан во болничкиот тоалет.

Медицинскиот персонал реагирал откако забележал сомнителни звуци, а кога влегле во просторијата го пронашле новороденчето без знаци на живот, со индиции за задушување, како што пренесуваат локалните медиуми.

По интервенцијата на надлежните служби, случајот е предаден на истражни органи, а Основниот суд покренал постапка за кривично дело „убиство на новороденче при породување“. Телото на бебето е испратено на обдукција, додека осомничената е задржана под медицински надзор и полициско обезбедување.

Случајот предизвика силни реакции и вознемиреност во јавноста, додека истрагата треба да ги утврди сите околности и мотиви зад овој трагичен настан.