Триесет и четиригодишен жител на Куманово е лишен од слобода по пријава дека физички ја нападнал својата 29-годишна поранешна сопруга.
Од Секторот за внатрешни работи Куманово информираат дека приведувањето било извршено на 2 јули 2026 година во 01:45 часот, по претходна пријава од жената.
Според полициските информации, инцидентот се случил во домот на осомничениот, каде, според пријавата, тој физички ја нападнал поранешната сопруга.
Од полицијата соопштуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против осомничениот.








