ПРВ.мк
Црна Хроника

КУЌА ПОЛНА СО СОМНЕЖИ: Пола фамилија под истрага – што се произведувало зад затворени врати?

КУЌА ПОЛНА СО СОМНЕЖИ: Пола фамилија под истрага – што се произведувало зад затворени врати?
Kristal

Основното јавно обвинителство во Гевгелија отвори истрага против две лица, татко и син од селото Богородица, поради сомнение дека биле инволвирани во неовластено производство и трговија со наркотични дроги. Случајот се води според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

При претрес што бил извршен со судска наредба на 17 декември, во домот на осомничениот татко биле пронајдени околу 150 грама марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања. Покрај дрогата, инспекторите откриле и семки од канабис, метални и пластични дробилки, две дигитални ваги, три бонга, како и импровизиран шатор опремен со електрична инсталација, светилки и уреди за мерење температура, кои претходно биле користени за одгледување марихуана.

Од Обвинителството наведуваат дека синот имал улога на посредник во продажбата на наркотичната дрога. Количината марихуана што ја презел од својот татко со намера да ја препродаде, ја однел во домот на својот дедо, каде што престојувал.

Кога полициските службеници пристигнале за да извршат претрес и на таа адреса, осомничениот се обидел да ги уништи доказите – ја заклучил вратата, дрогата ја фрлил во тоалетната школка и пуштил вода, а се обидел да се ослободи и од дигитална вага на која имало траги од наркотична материја.

Поради ризик од бегство и можност за влијание врз сведоци, јавниот обвинител доставил предлог до судијата на претходна постапка во Гевгелија за определување мерка куќен притвор, како и дополнителна мерка на претпазливост – времено одземање на патните исправи.

FixCredit
Escape