ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ: 34-годишен маж избоден со остар предмет

КРВАВА ВЕЧЕР ВО СКОПЈЕ: 34-годишен маж избоден со остар предмет

Триесет и четиригодишен скопјанец бил повреден со остар предмет и пренесен на лекување во болница, а полицијата работи на расчистување на случајот.

Инцидентот бил пријавен во СВР Скопје на 1 октомври околу 19:30 часот, откако од болницата „Св. Наум Охридски“ било известено дека кај нив е донесен Н.С. (34) од Скопје со повреди нанесени со остар предмет.

Засега не се соопштуваат повеќе детали за тоа каде и под какви околности настанал инцидентот, ниту дали е познат напаѓачот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.