ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА ДРАМА: Момче избодело девојка со нож во гаража на познат трговски центар!

КРВАВА ДРАМА: Момче избодело девојка со нож во гаража на познат трговски центар!

Вистинска драма се случила во гаражата на познатиот трговски центар „Галерија“ во Белград, каде што, според првичните информации, млад човек нападнал девојка со нож.

Инцидентот предизвикал вознемиреност кај присутните, а на местото веднаш пристигнале екипи на полицијата и Итната медицинска помош.

Според првичните информации, напаѓачот ја избодел девојката со нож, додека неофицијално се споменува дека кај себе имал и пиштол.

Засега нема официјална потврда за информацијата дека осомничениот поседувал огнено оружје.

Не е познато што му претходело на нападот, ниту дали девојката и напаѓачот се познавале од претходно.

Сè уште нема информации за тежината на повредите на девојката и нејзината здравствена состојба.

Полицијата го обезбедила просторот во гаражата и работи на утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Се очекуваат дополнителни официјални информации за нападот, мотивот и состојбата на повредената девојка.