Во стравична сцена што се одиграла пред хотелот „Мариот“ во Шомбург, предградие на Чикаго, 76-годишниот Роланд Шмит ја егзекутирал својата снаа, 45-годишната Кристина Мојер, пукајќи ѝ директно во глава пред бројни сведоци, меѓу кои и членови на семејството што присуствувале на семејна свадба.
Инцидентот се случил минатиот петок, кога Мојер разговарала со друг член на семејството на паркингот пред хотелот. Во тој момент, нејзиниот свекор ѝ пришол и ја застрелал од непосредна близина. Според обвинителството, убиството било свирепо извршено и однапред испланирано, а Шмит самиот признал дека подолго време го подготвувал нападот.
Мотивот, како што наведуваат обвинителите, е неговото незадоволство од документите за развод што Кристина ги поднела против неговиот син, по што, наводно, Шмит се чувствувал предаден и понижен.
Тешко повредената жена веднаш била префрлена во болница, но лекарите не успеале да ја спасат. Свекорот бил совладан од очевидец на местото на злосторството и подоцна предаден на полицијата.
Медиумите пренесуваат дека Шмит поседувал оружје и муниција иако немал важечка дозвола, бидејќи неговата FOID-картичка била истечена – документ што е задолжителен за легално поседување оружје во сојузната држава Илиноис.
На рочиштето што се одржало вчера, судијата одлучил тој да остане во притвор до наредното сослушување, закажано за 22 август. Обидот на јавниот адвокат да го ослободи поради неговата возраст и здравствени проблеми беше одбиен.
Кристина Мојер зад себе ги остави своите две деца. По трагедијата, пријатели и познаници изразија шок и тага, а некои сведоци во судницата повикаа: „Молете се за нејзините деца“.