Полициски службеници од СВР Тетово синоќа околу 22:30 часот на улица „107“ во Тетово го лишиле од слобода Б.Ш. (26) од Тетово.
Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, односно одзел електричен тротинет сопственост на Б.Б. (41) од Тетово.
По преземените мерки, украдениот тротинет бил пронајден и вратен на сопственикот.
Осомничениот бил задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







