Во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријавил дека неговиот чичко А.И. (63) од село Форино се оддалечил од домот. Тој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште.
По пријавата, веднаш била започната потрага на терен во која, покрај пријавителот, учествувале и полициски службеници од ОВР Гостивар, како и екипа од Територијалната противпожарна единица Гостивар.
По неколкучасовно пребарување, на 22 мај 2026 година околу 06:00 часот, во атарот на село Врапчиште, во близина на пат што го граделе приватни фирми, лицето било пронајдено без знаци на живот.
Лекар констатирал смрт на лице место, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар. Се работи на утврдување на сите околности поврзани со случајот.






