ПРВ.мк
Македонија

Одлука што ќе влијае и на Македонците: Грција ги ограничува туристичките зони!

Одлука што ќе влијае и на Македонците: Грција ги ограничува туристичките зони!

Грција воведе нова стратегија за туризам со цел да го намали притисокот од масовните посетители и да ги заштити природните и културните богатства. Посебен фокус е ставен на најпосетените острови, каде со години се чувствуваат последиците од преголем број туристи.

Со новиот план, туристичките зони ќе се категоризираат според оптовареноста, а во најпренатрупаните области ќе важат построги правила за изградба. Тоа вклучува ограничување на нови хотели и апартмани, построги еколошки стандарди и контрола на краткорочното издавање сместување.

Истовремено, властите ќе го насочуваат развојот кон помалку познати региони, со цел туристите да се распределат порамномерно и да се намали притисокот врз најпопуларните дестинации, особено во летниот период.

Масовниот туризам досега доведе до пораст на цените на недвижностите и кириите, што создава проблеми за локалното население. Дополнително, големиот број посетители ја оптоварува инфраструктурата – од сообраќај до водоснабдување и отпад.

И покрај тоа што туризмот е клучен за економијата, грчките власти нагласуваат дека во иднина ќе се стремат кон рамнотежа меѓу економскиот развој, заштитата на природата и квалитетот на живот на жителите.