Тажна вест го потресе светот на мотоспортот откако на 41-годишна возраст почина познатиот НАСКАР возач Кајл Буш. Тој бил хоспитализиран поради сериозна здравствена состојба, само неколку дена пред одржувањето на престижната трка „Кока-Кола 600“, а причината за смртта засега не е официјално соопштена.
Според американските медиуми, во претходниот период имал здравствени проблеми, меѓу кои и проблеми со синусите, како и болки предизвикани од притисокот при возење.
Во текот на својата богата кариера, Буш оствари вкупно 234 победи во сите национални серии на НАСКАР и освои две шампионски титули, во 2015 и 2019 година. Особено значајна е неговата титула во 2015 година, кога успеа да стане шампион и покрај тоа што пропушти голем дел од сезоната.
Кариерата ја започна во тимот Џо Гибс рејсинг, а подоцна го формираше и сопствениот тим КБМ. Веста за неговата смрт предизвика голема тага кај навивачите и спортската јавност ширум светот.






