ПРВ.мк
Магазин

Новиот лек 'Годзила' за слабеење соборува рекорди: до 30% помала телесна тежина

Новиот лек 'Годзила' за слабеење соборува рекорди: до 30% помала телесна тежина

Нов лек за слабеење, познат под името ретатрутид или „Годзила“, покажува најсилни резултати досега во борбата против дебелината. Станува збор за терапија која делува на три различни хормонски рецептори, со што има поголем ефект од постоечките лекови.

Клиничките испитувања покажале дека лицата кои примале доза од 12 милиграми изгубиле во просек 28,3 проценти од телесната тежина за период од 18 месеци. За споредба, моментално достапните третмани овозможуваат намалување од околу 20 проценти во сличен временски рок.

Овој лек функционира така што го намалува апетитот, го забавува празнењето на желудникот и истовремено ја зголемува потрошувачката на енергија, што му помага на телото да согорува повеќе калории.

Според експертите, резултатите се охрабрувачки, но ќе биде потребно време пред ваквите терапии да станат широко достапни. Несаканите ефекти се слични како и кај другите лекови од овој тип и најчесто вклучуваат мачнина, дијареја, запек и повраќање.

Дел од стручната јавност смета дека ваквите лекови во иднина би можеле да станат редовен дел од здравствената грижа, при што луѓето би ги користеле превентивно, слично како што денес се користат други медикаменти.