СВР Битола поднесе кривична пријава против З.П. (49) од село Могила, поради сомнение за неовластено производство на тутун.
Според информациите, пријавениот во текот на 2025 година произвел околу 1.200 килограми тутун од сортата „Вирџинија“, без да има склучено договор со овластен откупувач или правен субјект регистриран за откуп и обработка на тутун.
Со тоа, тој постапил спротивно на законските прописи кои ја регулираат оваа дејност. Надлежните институции презеле мерки, по што е поднесена соодветна пријава против него.
Случајот ќе добие понатамошна разрешница во согласност со законските процедури.









