На 21 мај 2026 година околу 12:05 часот, во ОВР Свети Николе било пријавено дека на патот кон селото Кнежје се случила сообраќајна несреќа.
Според информациите, Д.М. (43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот од засега непознати причини.
Во несреќата, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Штип, каде што му била укажана лекарска помош.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа на СВР Штип, а се работи на утврдување на причините за несреќата.






