ПРВ.мк
Црна Хроника

КОЈ БЕШЕ КРИСТИЈАН ЗА КОГО ЗБОРУВА ЦЕЛ БАЛКАН? Пред три години Северина го напуштила студиото поради неговите ставови

КОЈ БЕШЕ КРИСТИЈАН ЗА КОГО ЗБОРУВА ЦЕЛ БАЛКАН? Пред три години Северина го напуштила студиото поради неговите ставови

Трагичната смрт на 32-годишниот хрватски спортист Кристијан Јосип Периш повторно го привлече вниманието кон неговото минато, откако на социјалните мрежи се појави снимка од неговото учество во музичкото натпреварување „Суперстар“ во 2023 година.

Периш тогаш настапил пред жирито во кое биле Северина, Ника Турковиќ, Тончи Хуљиќ и Филип Милетиќ.

За својот настап ја избрал песната „Само љубовта е тајна на два света“ од Марко Перковиќ Томпсон, но наместо музиката, најголемо внимание предизвикала расправијата за традиционалните семејни вредности.

За време на разговорот, Кристијан ги изнел своите ставови за односот меѓу мажите и жените, велејќи дека мажот треба да биде глава, а жената врат на семејството.

Неговите зборови предизвикале несогласување кај Северина и Ника Турковиќ, кои во еден момент станале и го напуштиле студиото.

Ника при заминувањето му порачала „See you never“, односно дека не сака повторно да го види.

Двете членки на жирито подоцна се вратиле, а Периш не успеал да се пласира во следниот круг.

Покрај телевизискиот настап, Кристијан имал успешна спортска кариера. Бил атлетичар, дипломиран кинезиолог и тренер, а значаен дел од својата работа го посветил на спортот за лица со попреченост.

Тој почина на 21 октомври во психијатриската болница „Свети Иван“ во Загреб.

Поради сомнение за тешко убиство, четворица медицински техничари се уапсени, а истрагата за околностите на неговата смрт сè уште трае.

Три години по неговото појавување во „Суперстар“, снимката повторно го привлече вниманието на јавноста, потсетувајќи на еден помалку познат дел од неговиот живот.

Најнови вести