ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Хаос во Делчево по силното невреме – дел од жителите евакуирани, кров летна на улица

(ВИДЕО) Хаос во Делчево по силното невреме – дел од жителите евакуирани, кров летна на улица

Силно невреме доцна попладнево го погоди Делчево, предизвикувајќи значителни материјални штети низ градот. Според информациите објавени од локалниот портал Делчево365, силниот ветер откорнал покрив од станбена зграда, а на повеќе локации има паднати дрвја и тешко проодни улици.

Една од зградите на Кејот на Брегалница претрпела сериозни оштетувања, при што делови од покривната конструкција претставуваат опасност за станарите и случајните минувачи.

Граѓаните алармираат дека улиците „Царевоселска“ и „Малешевска“ се меѓу најпогодените и апелираат надлежните служби што побрзо да интервенираат.

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, изјави дека, според досегашните информации, нема повредени лица, но дел од жителите биле евакуирани како мерка на претпазливост.

Тој посочи дека најголемиот дел од блокадите на патиштата се предизвикани од паднати дрвја и упати апел до граѓаните, доколку се во можност, да помогнат во расчистувањето на последиците од невремето.

Надлежните служби се на терен и работат на отстранување на пречките и нормализирање на состојбата во градот.

ВИДЕО