Руската јавност е во шок по бруталното двојно убиство што се случи во Ленинградската област. Руската полиција го уапси 40-годишниот Дмитриј Накарјаков, поранешен наставник по математика, под сомнение за свирепо убиство на својата ташта Ала П. (58) и неговиот двегодишен син Саша, како и за обид за убиство на неговата невенчана сопруга Анастасија (32).
Крвавата драма се случила во семејниот стан додека Анастасија не била дома. Осомничениот со тап предмет ѝ го одземал животот на таштата, а телото на двегодишното дете го сокрил во фрижидерот, само три дена пред неговиот трет роденден. Кога Анастасија се вратила во станот, тој се обидел да ја убие и неа, но таа успеала да се оттргне, да побегне на улица и да повика помош.
По дводневна опсежна потрага во која беа користени и дронови, полицијата го лоцирала и уапсила бегалецот во населбата Дружна Горка. Во станот биле пронајдени и бизарни писма во кои осомничениот ги правда своите постапки со тврдење дека сопругата го принудувала да го чува детето за викендите, но изразил и сомнеж дали е тој биолошки татко на момчето.








