ПРВ.мк
Црна Хроника

ЈА ПРЕТЕПАЛЕ СОПРУГАТА, ПА СЛЕДУВАЛ НОВ ИНЦИДЕНТ: Стружанец агресивен и кон полицајците - еве каква казна му следува!

ЈА ПРЕТЕПАЛЕ СОПРУГАТА, ПА СЛЕДУВАЛ НОВ ИНЦИДЕНТ: Стружанец агресивен и кон полицајците - еве каква казна му следува!

Четириесет и четиригодишен маж е приведен во струшко село по пријава дека физички ја нападнал својата сопруга, заедно со уште еден член од семејството.

Б.Д. (44) бил приведен на 19 септември 2026 година околу 03:50 часот, откако случајот бил пријавен во полиција.

Според пријавата, Б.Д. и уште едно лице од семејството физички ја нападнале неговата сопруга. При преземањето на службените дејствија, 44-годишникот, како што информира полицијата, се однесувал агресивно кон полициските службеници.

Б.Д. бил лишен од слобода и задржан за понатамошна постапка. По целосното документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести