Двајца жители на Куманово се лишени од слобода поради сомнение дека со употреба на сила провалиле во деловен објект и одзеле пари.
С.С. (39) и Е.Ш. (26) биле приведени на 18 септември 2026 година околу 21:35 часот од страна на полициски службеници од СВР Куманово.
Според сомненијата, двајцата на 4 септември годинава насилно влегле во деловен објект на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, од каде што одзеле пари.
По лишувањето од слобода, осомничените биле спроведени во полициска станица. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежните органи.






