ПРВ.мк
Црна Хроника

Излетал од пат, а потоа полицијата открила зошто воопшто не смеел да вози

Излетал од пат, а потоа полицијата открила зошто воопшто не смеел да вози

Триесет и двегодишен кичевец бил лишен од слобода откако предизвикал сообраќајна незгода додека управувал возило и покрај активната забрана за возење, а потоа одбил да биде алкотестиран.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил ноќеска околу 03:10 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Д.С. (32) од Кичево управувал „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, кога на кружниот тек на улицата „Борис Кидрич“ удрил во бетонски рабник и излетал од коловозот.

При полициското постапување било утврдено дека 32-годишникот го управувал автомобилот за време на активна забрана за управување моторно возило од Б категорија.

Дополнително, тој одбил да биде подложен на алкотест.

По наредба на јавен обвинител, возилото било одземено, а кичевецот бил лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“.

По целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.