Двегодишно дете од Куманово било пренесено на лекување во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, откако се затруло со средство за разредување на боја.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 14:00 часот, кога од Општата болница во Куманово ја известиле полицијата дека кај нив било донесено дете со симптоми на труење.
По укажаната прва медицинска помош, поради потребата од понатамошен третман, детето било транспортирано во скопските клиники.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои дошло до труењето.









