ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Во страотна несреќа загинаа 14 лица, а 25 се повредени!

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА ВО СОСЕДСТВОТО: Во страотна несреќа загинаа 14 лица, а 25 се повредени!
Kristal

Тешка трагедија се случи во близина на грчкиот остров Хиос, каде што во драматичен судир меѓу патролен брод на грчката Гранична стража и чамец со мигранти животот го загубија најмалку 14 лица, додека најмалку 25 се здобија со повреди, информира поморската капетанија на Хиос.

Според официјалните податоци, меѓу загинатите има 12 мажи и две жени. Несреќата се случила откако патролен брод на Граничната стража забележал чамец во кој се наоѓале околу 35 мигранти.

Како што се наведува во соопштението, по испратен предупредувачки сигнал од страна на грчките власти, лицата кои го управувале чамецот, осомничени за шверц на мигранти, наместо да застанат, се упатиле директно кон бродот на Граничната стража, при што дошло до силен судир.

Грчките спасувачки служби веднаш интервенирале на местото на настанот и досега во Општата болница на Хиос биле пренесени 25 повредени лица. Меѓу нив има една бремена жена, како и двајца припадници на Граничната стража – еден маж и една жена, кои исто така се здобиле со повреди при судирот.

Меѓу повредените мигранти има седум мажи, седум жени и 11 деца, што дополнително ја нагласува тежината на трагедијата. Четири од повредените лица се во тешка здравствена состојба и се под постојан лекарски надзор.

Надлежните служби продолжуваат со истрагата за да се утврдат сите околности под кои дошло до оваа трагична несреќа, додека спасувачките екипи и здравствените институции се мобилизирани за да им пружат помош на повредените.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape