ПРВ.мк
Свет

МЕДИЦИНСКА ЕНИГМА: Ги заклучија во соба со болни од грип, ги тераа да играат и да се допираат, а резултатот е НЕВОЗМОЖЕН!

МЕДИЦИНСКА ЕНИГМА: Ги заклучија во соба со болни од грип, ги тераа да играат и да се допираат, а резултатот е НЕВОЗМОЖЕН!
Kristal

Дали мислевте дека е доволно само некој да кивне до вас за да се разболите? Еден бизарен и храбар експеримент на Универзитетот во Мериленд ги урна сите претходни верувања! Научниците создадоа „хотел од пеколот“ каде здрави волонтери со денови беа затворени во мали соби со луѓе кои се во екстремна фаза на грип, но крајниот исход ги остави сите со подотворена уста.

За да го присилат вирусот да се прошири, истражувачите ги натераа волонтерите да живеат заедно од 3 до 7 дена. Тие делеа ист воздух, играа карти, вежбаа јога, па дури и разменуваа исти предмети како маркери, таблети и микрофони. Прозорците беа затворени, вентилацијата беше намерно исклучена, а температурата беше подесена точно онака како што му одговара на грипот. Резултатот? Ниту еден здрав човек не се зарази!

Иако донорите имаа јасни симптоми – кашлање, кивање и треска – вирусот едноставно одби да се префрли на новите „жртви“. Научниците утврдија три клучни причини за овој медицински феномен:

  1. Слаби „сејачи“ на вирусот: Возрасните луѓе во експериментот исфрлале многу помалку вирусни честички отколку децата, кои се сметаат за главни „мотори“ на епидемиите.
  2. Челичен имунитет: Повеќето волонтери веќе имале „позадински имунитет“ од претходни сезони или вакцини, што ги направило отпорни на нападот.
  3. Невидливо движење на воздухот: Дури и најмалото движење на воздухот во собата ги разбивало облаците од вируси пред некој да ги вдише.

Ова истражување докажува дека фаќањето грип не е толку едноставно како што мислевме. Потребни се специфични услови, многу кашлање и „плодна почва“ кај примателот. Студијата не вели дека грипот е безопасен, туку дека механизмот на неговото ширење е многу посуптилен и помистериозен отколку што покажуваат учебниците.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo