ПРВ.мк
Свет

ЗИМСКИ КОЛАПС ВО ГЕРМАНИЈА: Снегот го затвори аеродромот во Франкфурт, десетици летови откажани!

ЗИМСКИ КОЛАПС ВО ГЕРМАНИЈА: Снегот го затвори аеродромот во Франкфурт, десетици летови откажани!
Kristal

Силните снежни врнежи предизвикаа целосен прекин на авионскиот сообраќај на аеродромот во Франкфурт, еден од најпрометните во Европа. Операциите беа стопирани околу 15 часот по локално време, кога поради насобран снег на пистите не беше можно ниту полетување, ниту слетување на авиони.

Операторот на аеродромот, Fraport AG, соопшти дека најмалку 67 летови од вкупно 922 планирани за тој ден биле откажани, додека околу десет авиони биле пренасочени кон аеродромот во Штутгарт. Патниците останале заглавени во терминалите, додека службите се бореле со временските услови.

Пистите повторно беа ставени во функција околу 16:15 часот, но од Фрапорт предупредија дека и покрај обновените операции, може да се очекуваат доцнења и застои во текот на денот поради натрупаниот распоред.

На сите патници им беше упатен апел редовно да ја проверуваат состојбата на своите летови директно кај авиокомпаниите, бидејќи ситуацијата останува променлива во зависност од временските услови.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo