ПРВ.мк
Црна Хроника

Голема трагедија во семејството на познатиот пејач

Голема трагедија во семејството на познатиот пејач

Трагичен настан го потресе семејството на познатиот српски пејач Мирослав Илиќ. Неговиот 64-годишен братучед го загубил животот во Мрчаевци, во близина на Чачак.

Според првичните информации, несреќата се случила во утринските часови, во непосредна близина на семејниот дом. Мажот паднал и се удавил во шахта која се наоѓала покрај куќата.

На местото пристигнале екипи на Итната медицинска помош и полицијата, но лекарите можеле само да ја констатираат смртта.

Полицијата извршила увид, а надлежните треба да ги утврдат сите околности под кои се случил настанот. Според досега објавените информации, станува збор за несреќен случај.

Мирослав Илиќ ја потврдил веста за смртта на својот братучед и изјавил дека е многу тажен поради загубата.

Познатиот пејач е роден токму во Мрчаевци, местото во кое се случила трагедијата.